На секој од нас барем еднаш дневно ни се случува да го подзаборавиме јадењето или кафето додека се готви па на крајот да останеме со куп загорени тави и тенџериња, но не очајувајте бидејќи постои одличен, брз и евтин трик со кој веднаш ќе ги измиете без мака.
Имено, кафето освен за уживање, се користи и за во кујната. Веројатно веќе знаете дека меленото кафе е одличен пилинг за тело, но се користи и за загорени тави.
Ставете мелено кафе во загорената тава со вода, малку сода, зовријте и потоа истријте со сунѓер. Ги растопуваат маснотиите за миг и нема да ви биде потребна жица за истите да ги извадите. Генијално зарем не!
Доколку пак имате проблем со влагата или мувлата во домот еве уште еден интересен трик.
Сите знаеме дека влага и мувла се најголем кошмар на секое семејство, но постојат природни и лесни начини да се спасите од нив, еве неколку од нив:
Масло од чајно дрво
Во шишенце измашајте 450 милилитри вода и две лажици масло од чајно дрво, добро помшајте и испрскајтре на зафатеното место. Не пребришувајте со крпа туку оставете да отстои. Треба да знаете дека мирисот е прлично интензивен и ч се задржи во вашиот дом неколку дена, па најдобр е да го направте тоа пред да одите некаде на неколку дена.
Алкохолен оцет
Ставете во шишенце и попрскајте на зафатената област и оставете да отстои. За да не ви мириса оветот може да ставите и неколку капки етерично масло или лимон.
Сода бикарбона
Таа сама по себе е одлична за чистење, помешајте со вода или оцет и со крпа исчистете ја мувлата.
Семки од грејпфрут
Во 450 мл вода додадете 20 капки масло од семки од грејпфрут, промешајте и испрскате. Нека отстои, нема потреба од пребришување со крпа.