Европската централна банка во Франкфурт го претстави новиот изглед на банкнотите од 100 и 200 евра кои ќе бидат во оптек од 28 мај.
Станува збор за серија банкноти наречени Европа. На банкнотите доминираат карактеристиките на Европа, прекрасната фениксна принцеза и божица по која Стариот континент го добил името.
Како безбедносна мерка на банкнотите ќе биде мал симбол на еврото (€) со цел да се намали или целосно да се спречи фалсификувањето на единствена европска валута.
Со новиот систем на заштита, банкарите и трговците треба релативно лесно да ги препознаат фалсификуваните примероци, а покрај новиот дизајн банкнотите се многу поквалитетно изработени од оние од првата серија.
Засега нема информации дали ќе треба да се менуваат старите за новите банкноти.