Тамара горда на својот настап: „Proud“ го доби првиот милион

ИЗВОРСкопје24
|

По неколку дена од финалето, евровизиската „Proud“ веќе доби повеќе од милион прегледи на „Јутуб“, а веќе неколку дена е во „трендинг“ на „Јутуб“.

Имено настапот на Тамара Тодевска доби позитивни коментари од цела Европа.

Тамара сподели на Инстаграм дека за само пет дена има повеќе од еден милион прегледи.

Иако Тодевска не победи, многумина ја нарекоа морален победник.

Инаку денеска ЕБУ одговори на грешката во гласањето на белоруското жири за Евросонг 2019. Потврдено е дека се случила грешка при распределувањето на гласовите и сега финалниот резултат е апдејтиран, тоа не носи нас на првото место на Евросонг, според гласови од жири.

– Белоруското жири беше разрешено бидејќи ги откри гласовите од првото полуфинале, што е спротивно на правилата на Евросонг. Со цел да се задржат до процедурата на гласање, ЕБУ создале резултат искалкулиран од резултатите на други земји со слични теркови на гласање кој бил одобрен од мониторите.

ЕБУ потврдува дека следејќи ги стандардните прегледи откриена е човечка грешка и неточно агрегиран резултат. Ова не влијае на поените добиени од телефонското гласање од земјите учеснички и првите четири места на Евросонг остануваат непроменети – пишува во соопштението.

Грешката најпрвин била откриена од корисниците на Твитер.