Боки 13 потполно се промени. Познатиот шоумен и сопственик на телевизија 1 ТВ реши потполно да го промени своето тело и тоа до непрепознатливост.
Во прашање е позитивна промена – имено, тој веќе некое време го нема проблемот со вишокот килограми, така што сега изгледа далеку послабо и подобро отколку во годините кога активно беше дел од естрадата.
Поранешниот учесник на Големиот брат и еден од најпознатите македонски шоумени редовно објавува свои селфи фотографии на социјалните мрежи, од кои можеме да ја видиме неговата драстична промена, но и голем број необични модни комбинации составени од најскапи брендирани парчиња за кои многумина можат само да му завидуваат.
Па погледнете како изгледа денес, но и како изгледаше порано, кога активно се занимаваше со пеење.