За едни хороскопот е вид на секојдневна забава, за други е основа за животни одлуки, а пак има и такви што целосно го игнорираат и не веруваат во него.
Откријте за кого се работи:
БИК
Астрологијата не е нешто што го привлекува нивното внимание, но скептичните Бикови воопшто не ја прифаќаат како концепт. Познати се по тоа што се темелни, практични и реални, а хороскопот им е сложен и мистериозен, а тоа е далеку од нивните убедувања.
БЛИЗНАЦИ
Кога им чини, тие се поборници на астрологијата. Но, доколку нешто од напишаното не им одговара, веднаш се противат и велат дека тоа е голема глупост. Колку и да се логични како личности, нивната двојна природа прави да се менуваат согласно ситуацијата.
ДЕВИЦА
На прагматичните Девици не се обидувајте да им „продавате“ бесмислици, бидејќи тие веруваат само во факти, анализи и детали. Постојат аспекти на астрологијата кои немаат смисла за нив, па затоа и ја отфрлаат во целост.
ЈАРЕЦ
Јарците се познати по тоа што се традиционални и практични личности, а за нив хороскопот е само губење време. Многу е веројатно дека ќе најдат „дупки“ во астролошката логика, а доколку се случи нешто да им биде погодено, тие сепак потајно оставаат простор дека можеби има нешто точно во хороскопот.