За неа Здравко Чолиќ ретко зборува: Таа му била прва љубов, а и посветил и песна

ИЗВОРСкопје24
|

Најголемиот завотник на балканот Здравко Чолиќ, сега е брак со Александра и тоа веќе две децении, но неговата сопруга ретко се појавува во јавноста.

Чолиќ открил дека со актерката Јасна Орнели Бери му била прва љубов, но ретко зборува за неа, па затоа детали за нивниот однос откри таа.

Тие се вљубиле кога биле многу мали, во Сараево.

-Дел од моето срце секогаш било резервирано за него- рекла таа во една емисија.

Иако е сега во среќен брак, оваа дама завземала и посебно место во срцето на Чола.

-Прв пат после возјата се сретнавме во Белград. Таа средба нема никогаш да ја заборавам, беше толку емотивна.Тој е фасцинантна личност и својата харизма ја одржува и денес.Тој ми посвети и песна “Noć mi te duguje” која сам ја напишал, рекла таа.

Здравко Чолиќ: За мене Македонија секогаш ќе биде Македонија

Здравко Чолиќ на 15 јуни ќе одржи трет, овој пат најголем и спектакуларен концерт во Скопје, поточно на арената „Тоше Проески“ во Градскиот парк, па по тој повод периодов почесто е гостин во нашата земја.

Видеото погледнете го ТУКА.

Тој вечерва беше гостин и во „Само Вистина“ на Канал 5, и се осврна на својата кариера, но и на политиката, па го кажа и својот став по повод новото име на нашата држава, Северна Македонија.

– Договорот кој го направија Македонија и Грција е само географски компромис и мило ми што тензиите кои преовладуваа меѓу двете земји сега се завршени, за мене Македонија секогаш ќе биде Македонија, смета Чолиќ.