Богоевски: Вредностите се над функцијата – Друштво, Ви благодарам на честа, две години да ви служам вам и на нашата држава

ИЗВОРСкопје24
|

Пратеникот Павле Богоевски, откако денеска на Комисијата за деловнички и мандантно-имунитетни прашања, со која претседава тој, информира оти поднесува оставка, попладнево се огласи и на својот Фејсбук профил, нагласувајќи дека вредностите се над функцијата.

– Друштво, Ви благодарам на честа, овие две години да ви служам вам и на нашата држава најдобро што знам и умеам. Вредностите се над функцијата. Сега и секогаш!, наведе во постот Богоевски.

На денешната седница на собраниската Комисија требаше да се расправа за одземање на мандатот на експремиерот Никола Груевски. Богоевски рече дека оставката ќе ја активира откако на пленарна седница ќе му биде одземен мандатот на Груевски, а седницата на собраниската Комисија по ова прашање ќе ја презакаже.

Претходно и познатиот актер Драган Спасов – Дац отворено „удри“ по Павле Богоевски.

Актерот Драган Спасов Дац по признанието на пратеникот Павле Богоевски за набавка на масло од ка***ис, на социјалните мрежи напиша дека очекува негова оставка. Разговорот што Богоевски го водел со засега непозната личност од која ја вршел набавката на маслото, најверојатно, бил снимен од страна на таксист со кој се возел пратеникот.

„Очекувам оставка од Павле Богоевки и прес-конференција на Миле Бошњаковски! Како што е ред, нели“, напиша Спасов Дац на својот фејсук- профил.