Вчера миената коса денес е веќе масна: Решете го проблемот на едноставен начин

ИЗВОРСкопје24
|

Ако ви се масти косата, еве како може лесно да ја одржувате чиста и до 7 дена.

Постојат неколку трикови кои може да ви бидат од корист.

Со фен исушете го коренот на косата.

Вака косата помалку ќе ви се масти и ќе има волумен. Исушете го само коренот а остатокот осавете да се суши природно.

Користете капа за туширање

Кога се туширате носете капа за туширање, така ќе спречите влагата да направи хаос од вашата коса.

Шампон за суво миење

Пред спиење испрскајте, па наутро вашата коса ќе има волумен.

Обидете се и помалку да ги провлекувате прстите низ косата, зашто така побрзо се масти.

Ви здодеа да ја миете косата секој ден- овие трикови ќе ви помогнат да остане чиста

Иако сте ги пробале сите можни скапи и ексклузивни средства за да се ослободите од мрсната коса без сјај, и ништо не ви помогнало, стилистите ве советуваат да пробате неколку едноставни, но ефикасни совети. Боете ја косата, велат тие. Бојата за коса е хемикалија која ја крева косата од темен, со што се отежнува патот на лачењето на мастите. „Плакнете ја косата со оцет“ е еден од необичните, но широко распространети совети. Оцетот, чајот и сокот од лимон разредени со вода помагаат за намалување на маснотијата бидејќи содржат танинска киселина.

Овесната каша може да ви послужи како маска за коса. Таа е одличен третман за масна коса, бидејќи ја впива маснотијата од коренот, а освен тоа, е ефикасна против првут и го намалува чешањето. Ако сте во брзање, нанесете ја овесната каша по косата и исчеткајте ја.
Добар трик проитв мрсна коса се кадриците. „Брановите“ во косата ја спречуваат маснотијата да се шири. Кога вашата коса е рамна, не постои ништо што би ја стопирало природните масти да лизгаат по влакното.

Како одлично средство против мрсна коса се покажале и производите со нане. Оваа билка е одлична за овој вид на коса, затоа одберете шампони и регенератори кои во себе содржат екстракт од нане.