Иако сите имаме „жолти минути“, со луѓето родени во овие хороскопски знаци понекогаш е невозможно да излезете на крај.
Тие важат за најнапорните знаци во зодијакот, а станува збор за следниве:
Вага
Многу друштвените Ваги се склони на применување пасивна агресија, за да ја постигнат својата цел. Сакаат да бидат доминантни, но поради лошата самодоверба, тоа не им тргнува од рака па ги обвинуваат другите за своите недостатоци.
Рак
И покрај тоа што се многу грижливи и емотивни, Раковите понекогаш имаат промени во расположението кое тешко кој може да го „истрпи“. Кога ќе ги фати паника, склони се на напад на бес и тага наизменично, што знае да биде прилично вознемирувачки.
Риби
Рибите, исто како Раковите, се исклучително склони на промени во расположението. Доколку им упатите критика, ќе ве полудат со својата претерана емотивност и навреденост и за најмали ситници.
Овен
Нивната потреба за постојана доминација понекогаш знае да биде премногу исцрпувачка. Ако не се во центарот на вниманието, склони се на драматизирање и манипулација само за повторно да го свртат вниманието кон себе. Тие се многу егоистични луѓе, кои одземаат многу енергија.