МАЛОВИШТА, СЕЛО СО РЕТКА УБАВИНА И УШТЕ ПОРЕТКИ ВЛАШКИ ПРЕЗИМИЊА

ИЗВОРСкопје24
|

Тесен асфалтен пат со дупки, како да е еднонасочен, нè води до единственото село распослано во границите на националниот парк Пелистер. Маловишта, оддалечено на 20 километри од Битола, село со ретко име, кое според некои значи планина, а според други тешко видливо оти е скриено во бујна вегетација. Уште поретки се презимињата на семејства кои живеат или живееле овде.

Местото е идеално за истражувачите по антропономастика (наука за лични имиња и презимиња). Со векови па до денес Маловишта остана компактно, како што вели месното население, арм’нско село (влашко) во кое уште живеат Арм’ни (Власи) и каде до денес се зборува арм’нскиот јазик. Влашката заедница денеска го слави националниот ден – 23 Мај.

Како што се редат куќите, така и оригиналните влашки презимиња. Првата е на семејството Зика, па Грамосли, Палигора, понатаму Динка, Метта, Цовару, Тотани, Чому, Пека, Перча, Пипа… На една од големите дрвени порти имаше некролог на 90-годишен маж со презиме Грамосли. Од внатре се појави средовечна жена која на влашки јазик го повика сопругот да ни раскаже за семејната лоза.

„Преку сто години го имаме тоа презиме. Кажуваше дедо ми дека семејството влече корени од планината Грамос, а тука се доселиле пред повеќе од еден век“, раскажа маловиштанецот.

Според книгата „Моловиште“ на Нико Попникола, дел од жителите го носат презимето по местата од каде дошле, од градот Грамостеа во Грција, од Москополе во Албанија и други. Некои презимиња се добиени од зборови на влашки јазик. Во 1900 година селото броело 4.200 жители, а денес останале одвај осумдесетина.

Целиот текст прочитајте го на САКАМДАКАЖАМ.