Еве што му порача Тамара Тодевска на претставникот на Шведска по промената на гласовите на Евровизија

ИЗВОРСкопје24
|

Во саботата заврши 64-то издание на Избор на песна на Евровизија, на која победи Холандија.

Тамара Тодевска со песната „Proud“ не претставуваше на овогодинешното издание.

Според гласањето во саботата, Македонија го освои второто место од жирито, а осмото место од публиката.

Веднаш под Македонија, на тебелата се најде претставникот на Шведска односно Џон Лундвик.

Меѓутоа, само неколку дена по финалето, Европска радиотелевизиска унија потврди грешка во гласањето на белоруското жири.

По промената на гласовите на жирито, Македонија и нашата претставничка Тамара Тодевска се најдоа на прво место според гласовите на жирито и според гласовите на публиката на седмо место.

Нашата претставничка се огласи на социјалните мрежи и истакна дека е пресреќна, но се и заблагодари на целата поддршка.

Исто така на својот Твитер профил, Тамара на шведскиот претставник му порача

„Двајцата сме победници, вие бевте фантастични“.

За потсетување, ова е најдобриот пласман на Македонија на Евровизија.