Пејачот Дарко Лазиќ официјално се разведе од својата поранешна сопруга Ана Севиќ со кого ја има ќерката Лорена.
По разводот парот заминал на пијачка во еден ресторан, што е доказ дека тие се пријателски настроени, пренесуваат српските медиуми.
-Ана и јас сме цивилизирани луѓе и понатаму сме во одлични односи, бидејќи првенствено од секогаш сме биле пријатели, а потоа ја имаме и ќерката која ја сакаме најмногу на целиот свет, вели Дарко.
Тој додава дека ќерката ќе живее со нејзината мајка, но првиот и третиот викенд во месецот ќе ги поминува кај него.
-Истото се однесува и за празниците, ќе ги делиме подеднакво, вели Дарко.
Тој потенцира дека станот и го остава на Ана, бидејќи е логично неговото дете да расте во средина на која веќе е научено.
Инаку луксузниот стан на Ана и Дарко вреди повеќе илјади евра, погледнете.