МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВ АМБАСАДОР НА САД: Сенатот го потврди назначувањето на Кејт Брнс за нов американски амбасадор

ИЗВОРСкопје24
|

Сенатот на САД го потврди именувањето на Кејт Мери Брнс за нов амбасадор во Северна Македонија.

Брнс е дипломат веќе 26 години. Како амбасадор во земјава доаѓа по нејзината функција заменик шеф на мисијата на САД во Атина.

Претходно беше постојан претставник на Мисијата на САД на ОБСЕ во Виена. Досегашниот американски амбасадор Џес Бејли од функцијата си замина во февруари годинава.

На претходното сослушување во Сенатот, Брнс кажа дека работата на амбасадата ќе се фокусира на три области: ќе промовира стабилност низ силни институции, ќе работи на зајакнување на безбедноста преку партнерство и ќе работи на поттикнување на просперитетот преку позитивно влијание.