Најопасните хороскопски знаци: Бегајте од последниот

ИЗВОРСкопје24
|

Хороскопскиот знак на кој му припаѓате многу говори за вашиот карактер. Сега се откри кои се трите знаци од хороскопот кои немаат влакна на јазикот и со кои не треба да се задевате.

ВОДОЛИЈА


Опсесивно-компулсивни невротици, перфекционисти кои озборуваат за се и сешто. Ни премногу некогаш не им е доволно. Мислат само на работата и не познаваат емоции. Само робот може да биде поладен од водолијата. Кога ќе им згрешите знаат да премолчат и простат, но ако го повторите истото, бегајте од нив! Со месеци и месеци ќе спремаат план за одмазда, а вие нема да бидете свесни што ве снашло. Иако се кревки по природа, кога некој ќе ги налути после долго толерирање, бидејќи такви се по природа, стануваат прави ѓаволи. Кај водолиите нема страст и емоции.

ШКОРПИЈА


Самосожалувачи кои и вас ќе ве повлечат во бездна. Ако утре е крај на светот не би се шокирале, би го поминале со многу пиење и секс. Се она што е лошо и бизарно за обичните смртници, за нив е најнормална работа. Емотивно се незрели, подли, неодговорни, а се деца кои никогаш нема да пораснат. Иако делуваат промислено, паметно и итро, под кората се крие незрело дете, без разлика на возраста. Тие веднаш напаѓаат ако некој им згреши. Сакаат да се одмаздуваат.

ЈАРЕЦ


Веруваат во судбина, а зборот прошка не постои во нивниот речник. Можете да бидете со нив од најрана возраст, да живеете со нив, да бидете во брак…но никогаш нема целосно да ги запознаете. Не знаат да ги искажат емоциите со зборови. Бегањето и оставањето на цедило е нешто што овој знак прави цел живот. Премногу се спори, мрачни и душевно сиромашни за да дадат било што некому и да се предадат некому. Ова е дефинитивно најлошиот хороскопски знак. Гледа само за себе и ќе ве остави во најтешко.