По само пет дена откако се запознале почнале да живеат заедно: Милан и јас секој ден ја славиме љyбoвта и бракот“

ИЗВОРСкопје24
|

Македонската пејачка со белградска адреса на живеење, Тијана Дапчевиќ е во складен брак со некогашниот кошаркар Милан Дапчевиќ.

Милан и Тијана се венчаа во 2000 година, а по девет години брак го добија синот Вук.

Пејачката вели дека и ден денес смета дека е голема лудост тоа што започнала да живее со својот сопруг само пет дена од запознавањето.

Тијана и Милан неодамна прославија 19 години брак, а во интервју за „Глориа“ таа вели дека секојдневно ја слават љубовта.

„Милан и јас секој ден ја славиме љубовта и бракот, така да во нашиот случак датумот не е важен. Односно, не го прославуваме нешто повеќе спектакуларно од секој ден. Конкретно, на денот на полнолетството на нашиот брак, јас бев во Скопје, а тој во Белград, иако физички не бевме заедно, ни на мене,ни на него не ни беше помалку драго што стигнавме до тој јубилеј“ вели Дапчевиќ.

За потсетување, Тијана неодамна истакна дека би сакала повторно да се оствари во улогата мајка.