Поповиќ плаќа и до 100.000 евра за караница пред камери: Ја повика Северина во жирито за да се „пресмета“ со Карлеуша- ќе летаат пердуви

ИЗВОРСкопје24
|

Саша Попвиќ и понудил 100.000 на Северина за да биде во жирито во „Ѕвездите на Гранд“.

Знаејќи дека Северина со години јавно ја прозва Карлеуша дека, не знае да пее и краде нејзини идеи реши да ја повика во жири.

-Од септември тој реши да ја повика Северина и понуди 100 илјади евра за да постигне рекордна гледаност. Таа рекла дека цената е примамлива , но дека треба да размисли, открива извор за српски медиуми.

Саша најави и дека сака да направи голема промена во шоуто од наредната година, но не сакаше да открие детали.

– Караниците на двете дами пред камера ќе му донесат голама гледаност на „Гранд“, потсетува изворот

Саша Поповиќ тајно бил заљубен во една пејачка со години

Пред да се ожени со Сузана Јовановиќ со која има ќерка и 20 години складен брак, Саша Поповиќ бил во врска со голем број на колешки, но една успеала да му се „лизне“ од раце, а сега директорот на „Гранд“ призна дека станува збор за Нада Топчагиќ во која што бил заљубен како млад.

Повод за ова признание била жестоката кавга меѓу Нада и Маринко Роквиќ кај него во емисија, па се со цел да избалансира и да ја смири ситуацијата, Поповиќ ги откри овие детали од минатото и призна се притоа потенцирајќи дека се заљубил во Нада на прв поглед и дека сакал да ја смува.

„Прв пат ја видов Нада на Хит Парада, а наш менаџер беше Рака и јас му кажувам дека многу ми се допаѓа Нада, а тој ми вели не се плеткај каде што не ти е местото ако не сакаш нејзиниот сопруг да те истепа и опостуши како бугарска општина. Го послушав и ништо не пробав со Нада“, откри Саша, а пејачката на ова признание заводливо само се смешкаше.