Кутрите Шкорпии и оваа недела ќе треба да се борат со опозицијата на Венера и Меркур која ќе им создава проблеми на секој чекор и на сите полиња. Одлични вести пак, доаѓаат за Биковите и Девиците. Љубовта им се насмевнува на Јарците и на Рибите. А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте го неделниот хороскоп за периодот од 27 мај до 2 јуни.
Овен – Каква Месечина!
Оваа седмица може да сметате на два суперсреќни дена – среда и четврток, во кои една прекрасна Месечина секоја работа ќе ви ја олесни, подарувајќи ви многу убави моменти и силни емоции. Убав е и денот недела, совршен за одмор и релаксација. На работа, за жал, може да имате мали стресови поради неповолниот Марс кој ќе направи да се чувствувате уморни и без волја да ги надминете проблемите.
Бик – Љубовта е зад аголот
Драхи Бикчиња, љубовта во овој период ќе царува со вашиот живот. Ако сте сеуште осамени, погледнете наоколу, љубовта е тука и чека на вас. Оние пак, кои веќе се во пар, ќе се одлучат на поголеми чекори за иднината. Петок и сабота, со прекрасна Месечина во знакот, ќе бидат во знакот на страстите и среќата. И на работното место очекувајте убави вести. Небото е на ваша страна!
Близнаци – Убава вест
Вашата седмица ќе започне со два многу нервозни дена – понеделник и вторник, кога Месечината во опозиција ќе ви создаде лошо расположение и пречки на секое поле. Но, не губете надеж. Веќе од среда работата станува полесна, а од четврток може да очекувате прекрасна вест на работното место. Љубовта во овој период нема да ви носи посебни задоволства, напротив, нешто ќе ве мачи…запрашајте се дали сте со вистинската личност.
Рак – Вистинска војна
Драги Ракчиња, уште една недела во која ќе треба да вложите многу енергија и труд за да ги надминете проблемите. Но, одличната поставеност на Марс ќе ви подарува многу сила, па нема да ви биде тешко да се претворите во вистински војник на сите полиња, особено на работното место. Меркур е поволен и ќе ви гарантира одлични комуникации, затоа лесно ќе наоѓате сојузници. Внимавајте на нервозните денови среда и четврток.
Лав – Каков стрес!
За жал, драги Лавчиња, и оваа седмица ќе се борите со стресот. На работа ќе мора да вложувате двојно труд и енергија за реализација на проектите, па затоа ќе се чувствувате многу истоштени, особено во деновите петок и сабота. Дури во недела ќе почувствувате олеснување, благодарение на прекрасната Месечина која ќе ви донесе задоволства. Искористете го денот за релаксирање и дружење со саканите и блиските.
Девица – Месечина во опозиција
Вашата седмица ќе започне со два стресни дена поради неповолната Месечина во опозиција. Но не грижете се – сите планети се веќе на ваша страна и веќе од среда ќе почувствувате големо олеснување и среќа на сите полиња. На повидок се оставрување на важни планови на работно поле, една прекрасна вест треба да пристигне кон крајот на неделата, меѓу петок и недела. И на љубовен план нема да недостигаат интересни средби и лица на кои тешко ќе одолеете…
Вага – Марс е неповолен
Драги Вагички, неповолниот Марс продолжува да прави да се чувствувате без енергија и заморено. Во среда и четврток, и Месечината ќе ви го заврте грбот, затоа внимавајте на нервози, кавги и избувливост. Но, реална причина за грижа, навистина немате. Најлошото веќе е зад вас, а работите од ден на ден само ќе се подобруваат. Соочете се со ситните преостанати проблеми и само напред, убавиот период допрва следува…
Шкорпија – Подобро почекајте…
Ова не е вистинска седмица за вас во која може да донесувате одлуки и да започнувате нови проекти. Не менувајте го патот по кој одите, без разлика на искушението! Ѕвездите не ги фаворизираат промените во овој период за вашиот знак. Затоа, подобро почекајте…Тензии со партнерот се можни за време на викендот. Наместо во кавги, фрлете се на спорт.
Стрелец – Кон успехот!
Не заборавајте, драги Стрелци, дека 2019 година е година на вашиот триумф. А триумфирањето, веќе може да започне. Полека но сигурно ги сотварувате целите, една по една. Сметајте на суперсреќните денови среда и четврток кога прекрасната Месечина е на ваша страна. Неповолни денови во кои ќе почувствувате тензии со партнерот или семејството се сабота и недела.
Јарец – Се враќа спокојството
После периодот во кој бевте ставени на тешка проба од ѕвездите, продолжува убавиот период на враќање на енергијата и систематизирање на работите. Сега, конечно се враќа спокојството со партнерот, а вашата врска станува посилна и постабилна од билокога претходно. За жал, Марс е во опозиција и ќе прави да се чувствувате уморни и без волја да ги истуркате работите. Среќни денови се петок и сабота.
Водолија – Нервозни денови
Венера е во неповолна поставеност за вашиот знак и ќе ги зголеми вашите проблеми со партнерот и саканите. Обидете се што поскоро да ги поставите прашањата за вашиот партнер кој ве мачат, без да влегувате во кавги. Многу внимавајте на нервозните петок и сабота, кога може лесно да избувнувате. На работа, сметајте на поволните денови среда и четврток, и искористете ги!
Риби – Љубовта ви се насмевнува
Вашата седмица ќе започне „на големо“, со Месечина во конјукција во деновите понеделник и вторник. На повидок се преубави вести на деловен и емотивен план. Ако на работното место сте во очекување на некој важен одговор, треба да пристигне наскоро. Љубовта ви се насмевнува благодарение на прекрасниот аспект на Венера која е подготвена да ви подари крај на неделата полн со страст. Само денот недела може да биде малку нервозен.