Денеска е Св. маченичка Гликерија

ИЗВОРСкопје24
|

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 мај.

Денеска е Св. маченичка Гликерија.

Света Гликерија живееше за Христа во вториот век. Беше ќерка на некој римски гувернер. Татко и ја напушти уште додека Гликерија беше млада. По ова таа се пресели во Тракија, во градот Трајанопол. Тука света Гликерија беше изведена да принесе жртва пред идолите на градот, но по нејзина молитва Господ го урна идолот со гром. Потоа ја фрлија во зандани и долго време не и даваа никаква храна. Но, Господ и тука се грижеше за неа праќајќи и ангел да ја храни. Кога по подолго време ја отворија ќелијата, стражарите се зачудија што девојката е се уште жива. Еден од нив, по име Лаодикиј, откако го виде тоа поверува во Христа и веднаш беше казнет. А света Гликерија најпосле ја фрлија на лавовите, каде го предаде својот дух на Бога.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Филип Нери.

Бил роден во Фиренца, во 1515 година. Знаел да ги воодушеви луѓето. Бил вработен кај неговиот стрико, во Неапол од кого го наследил богатството. Бил заинтересиран за духовните работи. Заминал во Рим, и се оддал на молитвите. Ги посетувал болните. За малите деца рекол: „Не ми пречи детската врева. На децата би и им допуштил да газат на моите плеќи, само нека не грешат”.

ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР

Времето за ифтар и суфур

Во Скопје, времето за ифтар (кога завршува постот), денеска е во 20 часот и 4 минути, додека времето за суфур (кога почнува постот) е во 2 часот и 56 минути. Времето за ифтарот и суфурот во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес две минути порано, Штип три минути, во Кочани четири минути, во Струмица и Валандово пет минути, а во Делчево шест минути порано. За разлика од времето за ифтарот и суфурот во Скопје, во Ресен и Битола ифтарот и суфурот почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево две минути, а во Охрид, Дебар и Струга пет минути подоцна.
Денеска е Св. маченичка Гликерија.