За првпат Македонка во Европскиот Парламент

ИЗВОРСкопје24
|

Опозициската Словенечка Демократска Странка (СДС) на Јанез Јанша која е дел од ЕПП – победи на европските избори во Словенија, со освоени 26,4 % од гласовите или 3 пратенички места.

Веднаш зад партијата на Јанша се Социјал Демократите (СД) со 18.57% и 2 пратенички места и Листата на премиерот Маријан Шарец (ЛМШ) со освоени 15.61%.

1 пратеничко место со 11.1% освои десничарската Нова Словенија.

Опозицијата победи, но, од листата на премиерот која освои 18.57% во Европскиот Парламент влезе Ирена Јовева.

Јовева, до овие избори важеше за позната новинарка на приватната телевизија Поп ТВ. Таа потекнува од Македонија, а израснала во Нова Горењска. Во изминатиот период, таа на најразлични начини ја поддржуваше промената на името на нашата земја во „Република Северна Македонија“.

Еве ја комплетната листа на пратеници од Словенија кои ќе бидат во ЕП:

Двете најголеми групи во Европскиот парламент, Европската народна партија и Социјалдемократите, иако изгубија одреден број места, остануваат најбројни во ЕП, со значителен пораст на мандатите на Зелените и Либералдемократите, покажуваат најновите резултати од европските избори.

Според најновите податоци, гласале 50,5 отсто од гласачите, што е најголем одзив во изминатите две децении.

Европските избори оваа година со такава излезност на територијата на цела ЕУ со Велика Британија, покажаа промена во трендот на постојан пад на одѕивот на гласачите во ЕУ.

На крајот на изборната ноќ, проекцијата за распределба на места во новиот Европски парламент, која се базира на комбинирани резултати, прелиминарни резултати и неколку излезни анкети, покажуваат дека Европската народна партија добила 178 места, социјалистите и демократите 152, Либералната алијанса и демократите плус три национални партии 108, Зелените 67, Европски конзервативци и реформисти 61, Европа на нации и слобода 55, Европа на слобода и директна демократија (Движење 5 ѕвезди + партија за брегзит) 53, Европската обединета левица / Северна зелена левица 39, Независни парламентарци седум и други 31.