Приказната за детето кое пишувало домашна задача под уличните светилки доби прекрасно продолжение

ИЗВОРСкопје24
|

Виралната снимка од детето од Перу кое секоја вечер ја пишувало својата домашна работа под уличните светилки бидејќи неговото семејство не можело да си овозможи електрична енергија, го привлече вниманието на милиони луѓе ширум светот.

За Виктор Мартин Ангуло Кордоба, 12-годишното момче од Моче кое учело и читало на плочникот, слушнал и Јакуб Јусуф Ахмед Мубарак, 31-годишен бизнисмен и филантроп од Бахреин. Тој, откако дознал за приказната на детето, одлучил да отиде во Перу и да му помогне.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Според извештаите на локалните медиуми, Мубарак дури и ја надоградил куќата на детето, која сега има два ката. Освен тоа, великодушниот Јакуб ѝ помогнал на мајката на Виктор да отпочне сопствен бизнис и ветил дека ќе помогне во обнова на локалното училиште.

Филантропскиот милионер открил дека и тој потекнува од скромно семејство, слично како Виктор, и се надева на светла иднина за детето и неговото семејство. Виктор и неговото семејство изразиле огромна благодарност до арапскиот бизнисмен на локалните вести.

Потегот на Мубарак наишол на бројни пофалби, а многумина признале дека таквите дела ја враќаат вербата во луѓето.