Пејачката Дани Димитровска е горда на својот син Лазар кој оваа година е матурант. По повод неговата матура пејачката објави нивна заедничка фотографија на Инстаграм, а под истата напиша:
„Кога ја пеам ‘Свети’ на него мислам. А Бог’ме ми свети посјајно и од сонцето…во срцево. Еден пат што се вика задолжително школство го изгази. Посебна џева околу тоа не кревам. Следуваат поголеми и пошироки патишта.. Да се вивне во небото посакувам. Да си ги достигне своите врвови и да трага по себе.. Љубовта ми се вика син. Горделива не сум, но сум стопена од среќа дека баш јас го родив ❤️ Матура #checkedout“, стои над објавата.
Лазар порасна во вистински убавец. Лазар е матурант во гимназајата “ Орце Никлов“ и многу личи на негавата славна мајка.
Инаку, тој и е најголема поддршка на Дани, а беше во првите борбени редови и на нејзиниот голем солистички концерт кој што го одржа неодамна во Македонската филхармонија по повод 20 години музичка кариера.
Како изгледа тој сега, погледнете од галеријата во продолжение: