Од утре во оптек новите банкноти од 100 и 200 евра: Што со старите?

ИЗВОРСкопје24
|

Европската централна банка утре ќе ги пушти во оптек редизајнираните банкноти од 100 и од 200 евра.

Банкнотите се последните во низата кои ја сочинуваат серијата „Европа“ (веќе се во оптек апоените од 5, 10, 20 и 50 евра), а банкнотата од 500 евра веќе нема да се печати.

Сите банкноти од серијата „Европа“ имаат унапреден дизајн и подобри елементи за заштита од првата „А“ серија, кои и понатаму ќе бидат во оптек, паралелно со новите банкноти.

И банкнотата од 500 евра останува во оптек без временско ограничување, а престанувањето на нејзината употреба нема да биде одредена со посебна одлука на Европската централна банка, туку постепено ќе ја повлекуваат централните банки на Европската монетарна унија.