Јелена Карлеуша и оваа недела ги коментираше настапите на кандидатите во музичкиот натпревар „Гранд-ѕвезди“, каде што неколку сезони е дел од жири-комисијата.
Јас гласав бидејќи и двајцата се одлични пејачи, па затоа ми се симпатични, сметам дека се талентирани. Ако продолжите вака, и двајцата ќе пеете во ќебапчилници, на базени. Такво облекување, таков пристап на работата, таква болка во колено, таков еден селски… Толку сте ретро, толку сте досадни. Вашиот максимум е ќебапчилница“, јасна беше популарната пејачка.
За ваквите ситуации за кулминираат директорот Саша Попвиќ и понудил 100.000 на Северина за да биде во жирито во „Ѕвездите на Гранд“.
Знаејќи дека Северина со години јавно ја прозва Карлеуша дека, не знае да пее и краде нејзини идеи реши да ја повика во жири.
-Од септември тој реши да ја повика Северина и понуди 100 илјади евра за да постигне рекордна гледаност. Таа рекла дека цената е примамлива , но дека треба да размисли, открива извор за српски медиуми.
Саша најави и дека сака да направи голема промена во шоуто од наредната година, но не сакаше да открие детали.
– Караниците на двете дами пред камера ќе му донесат голама гледаност на „Гранд“, потсетува изворот
Саша Поповиќ инаку тајно бил заљубен во една пејачка со години
Пред да се ожени со Сузана Јовановиќ со која има ќерка и 20 години складен брак, Саша Поповиќ бил во врска со голем број на колешки, но една успеала да му се „лизне“ од раце, а сега директорот на „Гранд“ призна дека станува збор за Нада Топчагиќ во која што бил заљубен како млад.
Повод за ова признание била жестоката кавга меѓу Нада и Маринко Роквиќ кај него во емисија, па се со цел да избалансира и да ја смири ситуацијата, Поповиќ ги откри овие детали од минатото и призна се притоа потенцирајќи дека се заљубил во Нада на прв поглед и дека сакал да ја смува.
„Прв пат ја видов Нада на Хит Парада, а наш менаџер беше Рака и јас му кажувам дека многу ми се допаѓа Нада, а тој ми вели не се плеткај каде што не ти е местото ако не сакаш нејзиниот сопруг да те истепа и опостуши како бугарска општина. Го послушав и ништо не пробав со Нада“, откри Саша, а пејачката на ова признание заводливо само се смешкаше.