Манекенката Драгана Џајиќ, која е ќерка на фудбалерот Драган Џајиќ, се омажи за својот избраник Милош Ивановиќ, кој пак е брат на тенисерката Ана Ивановиќ.
Подарокот кој Ана го избра за својот брат е вила на Мајорка вредна 2 милиони евра, во близина на нејзината, за нивните деца заедно да растат.
Но, вистинскиот „трошаџија“ е токму таткото на невестата. Самата сала била луксузно украсена, а гостите седеле на луксузни столови. Драгана носела венчаница која самата ја дизајнирала, а по првиот танц, се пресоблекла во дизајн на Вера Вонг.
Цената по лице изнесувала 100 евра, а декорациите и облеката на младите чинела 25.000 евра. Според српските медиуми, целата свадба ја платил токму Драган Џајиќ.
На свадбата присуствувале 250 гости, а младите „искеширале“ најмалку 100.000 евра само од „подароци во пликоа“, а добивале и други луксузни подароци, меѓу кои и вредни уметнички слики.
На свадбата пееле српските ѕвезди Ана Кокиќ и Саша Матиќ. Специјална гостинка била пејачката Мерима Нјегомир, која открила дека пеела и на свадбата на Џајиќ со сопругата, а сега и за неговата ќерка.