Силно невреме попладнево го зафати Скопје, хаос на улиците од поројниот дожд.
Сообраќакјот се одвива по влажни коловозни ленти и се апелира до возачите да бидат внимателни во сообраќајот. Метеролозите уште утринава го најавија невремето во Скопје.
Под влијание на изразено јужно воздушно струење во текот на следните неколку денови ќе имаме значително потопло време, а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен правец додека пак максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени додека пак во централните и во југоисточните предели од државава истите се очекува да се искачат до 32 степени, информира метеорологот Славчо Попоски.
Сепак атмосферата нема да биде стабилна па така повремено ќе има појава на локален дожд, а локално ќе има услови и за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а не се исклучува можноста и за појава на град и тоа поголеми услови за оваа појава ќе има во вторник кога и очекуваме на повеќе места развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради силното јужно воздушно струење овие денови ќе се изврши транспорт на прашина и на песок од Сахара кон нашите краеви.