Министерот за здравство Венко Филипче го разреши економскиот директор на Клиниката за Гинекологија и акушерство, Ваљон Беља откако тој обвини за финансиски криминал и непотизам на клиниката. Нарушени односи и несоодветен пристап е официјалната причина за нарушувањето.
Кој е Ваљон Беља?!
Беља прв пат се појавува на политичката сцена со невладината организација Реалитети а подоцна и како лидер на партијата Албански Сојуз во 2010 година кога за регионални медиуми тој порачува дека целта на неговата партија е да ја подели Македонија на три кантони- еден македонски, еден албански и еден мешовит кантон. Подоцна поваа партија се спојува со ДПА на Мендух ТАчи каде Беља ја добива потпретседателската функција.
По крајот на неговата кариера во ДПА, Беља беше претепан во скопско Кондово од група непознати напаѓачи по што заврши на Ургентниот центар.
Но по преминувањето во ДУИ на Ахмети, Беља станува познат по заканите кон екс градоначалникот на Чаир Изет Меџити на кого во јуни 2016та, според информации објавени во медиумите, му испраќа куршум завиткан во салфетка како закана за остварување на неговото барање да биде поставен за директор на пензискиот фонд. Подоцна тој беше приведен од полицијата во врска со овој настан но епилогот од истрагата е непознат.
Беља пак вели дека ќе чека реакција од матичната партија и најавува дека деновиве ќе ги објави доказите за корупција кои ги најави.
Неделава средба Заев-Ахмети, „метлата“ на министрите ќе биде наскоро позната
Лидерот на ДУИ Али Ахмети го чека премиерот Зоран Заев да се врати од Словенија за да разговараат за претстојните кадровски промени. Министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека средбата на двајцата коалициони лидери најверојатно ќе се случат во текот на неделава. Тој рече дека преговорите течат, но повеќе станува збор за споделување на меѓусебни мислења во кои ресори треба да има подобрување или зајакнување на капацитетите, пренесува тв21.
-Верувам дека сите промени ќе бидат во духот на зајакнување на капацитетите на институциите за да испорачаме што подобри резултати кои ќе бидат во корист на граѓаните, но и за да се додаде нова позитивна енергија во некој ресор во кој во минатото не сме имале добри резултати-вели Бектеши.
И од СДСМ велат дека наредниве денови се очекува да се одржи средбата Заев Ахмети и дека ќе многу скоро ќе биде објавено во кои министерства ќе има промени.
-Се што има да се каже јавно, секоја одлука која ќе биде донесена во однос на средбите и во однос на промените ќе бидете навремено запознаени. Најавена е средба во следните денови, не можеме да шпекулираме од овде сега, кога ќе се најави ќе бидете известени.-изјави портпаролот Костадин Костадинов.