Луксуз насред океанското пространство: Ова е најскапиот базен на светот

ИЗВОРСкопје24
|

Поради својот специфичен изглед и положбата, оваа атракција редовно го наоѓа своето место на листите за најубави на светот.

One&Only Reethi Rah е името на луксузниот ресор со 5 ѕвездички на Малдивите, што во превод значи “прекрасен остров”, кој е сместен на величенствениот Норт Мејл во оваа јужноазиска држава.

Коралниот остров Норт Мејл се простира во Индискиот океан, а познат е по своите спектакуларни лагуни, песочни плажи, но и бескрајниот базен, чиј изглед го поматува здравиот разум.

Сопствениците на Reethi Rah во склоп на една од околу сто приватни вили на островот изградиле базен кој изгледа како да плови по океанот. Поточно, изградиле џакузи насред базенот кој влегува 30 метри во лагуната, поради што на корисниците им се чини дека живеат на вода.

Водата во базенот допира само до половината, но ова место за релаксација е наменето исклучиво за постари од 18 години. Покрај тоа, треба да се знае дека преноќување во вилите на One&Only Reethi Rah со ваков поглед се наплаќа околу 2.250 долари.