Американската вселенска агенција НАСА доби задача до 2033 луѓето да одат на Марс , на што не се согласуваат научниците.
Американскиот претседател Доналд Трамп во 2017 потпиша уредба со која и нареди на НАСА што поскоро да обезбеди патување на Марс на космомнаути , а малку подоцна и на цивили. По тоа НАСА одреди дека луѓето ќе патуваат на Месечината до 2024 , а на Марс до 2033 година. Но , научниците сметаат дека не е можно за толку кус рок да се освојува Марс.
,,Месечината е база за мисиите на Марс . Месечината е нашиот најбрз и најкус пат до Марс.” , изјави дирњекторот на НАСА, Џим Брајденштајн. Тој смета дека времето на Аполо и наредбата на Кенеди да се оди во вселената се минато , а сега треба да се соочиме со фактите.
,,Тоа нема да се случи. Ќе бидеме среќни доколку екипаж замине на марс до 2037 “ , вели директорот на НАСА.
Брајденштајн додава дека во најпесимистичката варијанта , би се патувало на Марс до 2060.
За патување до Марс е потребно многу повеќе подготовки , а потоа и опрема , летало и уште многу други новитети , велат од НАСА. за споредба патувањето на Месечината трае три дена ,додека за да се стигне до Марс се потребни шест месеци.
Целата мисија би траела и две години , зашто Земјата и Марс се најблиску една до друга на секои 26 месеци.