Славчо Попосли: Кон Македонија се движи нов влажен бран – Подгответе се за невреме

ИЗВОРСкопје24
|

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која ќе биде во склоп на висински циклон особено од петок па за време на викендот на многу места ќе се развива нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопштува метеорологот Славчо Поповски.

Локално процесите се очекува да бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер како и појава на град. Поради изразената нестабилност на некои места се очекува да наврне значително количество на воден талог и тоа над 30 л/м2.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 31 степен со исклучок во петок кога истите ќе бидат малку пониски и ќе се движат во интервалот од 19 до 26 степени.

Инаку, во романскиот град Зала паѓал град со големина на јајце, па и колку една тупаница и предизвикал голема материјална штета.

Улиците биле покриени со лед, а сообраќајот закочен.

Од силните удари од градот, искршени се многу фасади, покриви на куќи и шофершајбни.

Граѓаните велат дека дувало и силен ветар па иако кратко траело личело како „крај на светот“.