Хрватската пејачка Северина често знае да се најде на мета на медиумите, a изминатиов период на големо се шпекулираше дека наводно пејачката и нејзиниот сопруг Игор Којиќ ќе посвојат дете.
Јас навистина не знам ништо за тоа, јас тоа го нарекувам платени огласи. Таму секој може сешто да каже за вас. Мислам дека тоа не ги интересира луѓето, најважни се песните и концертите“, вели пејачката за Ексклузив.
Исто така во медиумите се шпекулираше дека наводно Северина добила понуда од Саша Поповиќ да се појави во „Ѕвездите на Гранд“.
Имено според она што се шпекулира, Саша Попвиќ и понудил 100.000 на Северина за да биде во жирито во „Ѕвездите на Гранд“.
Знаејќи дека Северина со години јавно ја прозва Карлеуша дека, не знае да пее и краде нејзини идеи реши да ја повика во жири.
-Од септември тој реши да ја повика Северина и понуди 100 илјади евра за да постигне рекордна гледаност. Таа рекла дека цената е примамлива , но дека треба да размисли, открива извор за српски медиуми.
Саша најави и дека сака да направи голема промена во шоуто од наредната година, но не сакаше да открие детали.
– Караниците на двете дами пред камера ќе му донесат голама гледаност на „Гранд“, потсетува изворот