Древната старохристијанска црква е откриена во археолошките ископувања на подрачјето на турската покраина Невешир, односно Кападокија…
Црквата Свети Ѓорѓи, Западна Кападокија
Според првите истражувања, подземната црква е направена во карпи во 5. век, а според зборовите на археолозите крие и фрески на кои се досега невидени призори како цртежот на риба која паѓа од Христовата рака, Исусовото воскреснување и см**та на злите души.
„Црквата е поголема од другите пронајдени на подрачјето на Кападокија. Изградена е под земја, а нејзините изворни фрески преживеале се’ до денес. Кога почнавме со работите ниту не сонувавме дека ќе пронајдеме вакви подземни комплекси. Ископувањето и чистењето одат понатаму и се надеваме дека наскоро ќе имаме нови податоци за историјата на Кападокија која така ќе стане уште позначајно ходочесничко одредиште“, изјавил гардоначалникот на Невшир, Хасан Унвер.
Древната црква е откриена во археолошките истражувања во склоп на проектот на обвнова на старото јадро на овој турски град во чие средиште некогаш се наоѓала. Археолошкото подрачје покрива скоро 360 илјади квадратни метри и вклучува 11 квартови кои го окружуваат целиот град.
Со оглед на тоа дека откритието се случило во јануари археолозите поради неповолните временски услови црквата ја исполниле со земја за да ја заштитат.
„Ги запревме сите работи за да ги заштитиме фреските и самата црква. На пролет, кога ќе затопли, ќе чекаме прво влагата да испари, а потоа ќе ја отстраниме сета земја. После реставрацијата и чистењето, фреските ќе бидат вратени во изворната состојба“, објаснил Али Ајдин, еден од археолозите кои учествуваат во истражувањето и реставрацијата.
Ова откритие е само едно во низа на фасцинантните археолошки откритија на подрачјето на некогашна Кападокија. Имено, според досегашните истражувања откриени се околу 200 подземни градови од различни историски периоди, во кои вкупно живееле околу 100. илјади жители. Повеќето градови има барем два подземни спратови, а 36. од нив има три или повеќе спратови. Најголем подземен гард е секако Деринкуја, откриен 1963. година. Со своите 18. спратови се протега во длабочина од 85. метри, а потекнува од 8. век пред Христ. Низ него поминува вода за пиење, има низа вентилациски системи, станови, продавници, бунари, оружарници, гробје и посебни отвори за бегство. Во градот е пронајдено и училиѓте и посебни простории во кои се чувале животни.
Цртеж од древниот Деринкуј
Барајќе засолниште пред римските прогонства, христијаните на подрачјето на Кападокија изградиле 36. подземни градови и околу 600. цркви од кои многу и денес привлекуваат бројни туристи и ходочасници.