Започна периодот на матурите и матурските прослави, а матурантите брзаат да ја најдат соодветната комбинација за таа вечер.
Шминка, фризура, високи потпетици, модни комбинации се нивните грижи за тој посебен ден кoга завршува едно образовно поглавје во својот живот.
И македонските јавни личности некогаш биле матуранти.
Александра Јанева се потсети на својата матурска вечер, па во интервју за „Бекстејџ“ откри како изгледала таа вечер.
„Една многу позитивна и весела атмосфера, многу играње и најмногу изиграни ора во мојот живот“ вели Јанева.
Таа истакна дека била матурантка која не размислувала за таа вечер.
„Се договорив со тетка ми да ми испрати еден фустан.Ми стигна две недели пред матурата и едноставно немаше простор да размислувам дали ќе ми биде добар, дали ќе ми се допадне“ вели Александра.
Пејачката откри дека таа вечер била под дејство на алкохол, нон не била пијана, а дека дома се вратила во раните утрински часови.
За потсетување, оваа година Андријана беше придружен вокал на евровизиската претставничка Тамара Тодевска.
Вистина.мк