Јавното претпријатие за управување со морските добра на Црна Гора воведе неколку нови правила за користењето на плажите на црногорското приморје, кои одат во корист на посетителите и туристите.
Од годинава сите лежалки и чадори на јавните плажи под закуп, нема да се наплаќаат после 17 часот. Според директорот на претпријатието, непристојно е да се наплаќа полна цена на користење доколку некој доаѓа попладне.
Во Правилникот за уредување на капалиштата и плажите, се воведе и точка за задолжително поставување на информативни табли на секоја плажа. На нив ќе биде истакнато кое е работното време на плажата, цената на лежалките и чадорите, квалитетот на водата (кој ќе се мери секој 7-10 дена) и типот на плажата: јавна, хотелска, нудистичка, отворена за миленици…
Имено, покрај јавните и хотелски плажи, во понудата на Црна Гора од годинава ќе има и 12 тематски плажи, наменети, на пример, за заљубени двојки, млади желни за забава, нудисти или гости со миленици.
Уште од лани, влезот на црногорските плажи е бесплатен.
За оние кои ќе одат на летување во Црна Гора ова се цените на лежалка, кафе, брза храна
Ако годинава дестинација за летување планирате да ви биде Црна Гора тогаш добро е да ги знаете овие информации во поглед на цените.
Цените во Црна Гора останаа на минатогодишното ниво, и судејќи според податоците кои ги поседува Јавното претпријатие за управување со Морски добра во Црна Гора, цените на лежалки на плажите останале исти. Тоа значи дека за една лежалка ќе треба да издвоите од 5 до 15 евра, колку што се плаќа на јавнофрекфентните плажи.
За популарната брза храна во екот на сезоната е потребно да издвоите помеѓу 1 евро и 5 евра зависно од тоа на кое популарно црногорско летувалиште се одмара, додека цената на кафе е помеѓу 0.80 и 1.80 евра. Цените се скоро исти како минатата година.
Во рестораните цените се исто така слични како минатогодишните. За ручек ќе ви требаат помеѓу четири и 40 евра по лице зависно од местото на кое престојувате и нарачаната храна.