Островот Серифос, во пресрет на 31 мај „Светскиот ден во борба против пушењето”, донесе одлука дека на плажата Ваја која се наоѓа на овој остров нема повеќе да биде дозволено пушење, а тоа ја прави прва таква плажа во цела Грција, информира српски Телеграф.
Одлуката е донесена и во склоп со програмата за заштита на животната средина “SeaChange Greek Islands” која ја организираат 10 острови од островскиот венец Киклади.
За време на чистењето во последната деценија се покажало дека најголемиот број од отпадоците се отпушоци, а ситуацијата била најлоша токму на овој остров.
За оние кои ќе патуваат од Македонија кон Грција важно е да знаат дека ќе имаат уште еден дополнителен трошок во однос на патарините
За две недели, со почетокот на туристичката сезона граѓаните кои ќе патуваат кон Грција ќе имаат дополнителен трошок за патарина. Едната од двете предвидени наплатни станици на новиот автопат Демир Капија – Смоквица ќе почне со наплата.
Директорот на јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов вели дека рампата кај Гевгелија е целосно изградена, а се чека уште зелено светло од надлежните институции за официјално да биде пуштена во употреба. Сепак директорот не открива колку ќе биде цената за наплата.
„Ги работат завршните работи, софтверските работи. Очекувам во првата недела на јуни да биде веќе пуштена, буквално со почетокот на сезоната“, рече Зоран Китанов, директор на Јавно претпријатие за државни патишта.
Другата патарина која ќе се наоѓа кај Демир Капија, директорот Китанов вели дека ќе биде готова до крајот на годината бидејќи поради појава на свлечиште на теренот било неопходно препроектирање.
„…Кај Смоквица што е патарината заедно со другите пресметки за електронска наплата се усвоени на Управен одбор поминати на Надзорен одбор се доставени до институциите на државата кои што очекувам во најбрз можен рок ќе да ги дадат сите тие согласности“, додава Китанов.
Според ценовникот на Јавното претпријатие за државни патишта, најскапа е патарината Петровец – Велес на која за да помине патничко возило треба да плати 80 денари. Потоа следат рампите Велес-Градско и Куманово-Миладиновци во двата правци каде за патничко возило таксата е 60 денари. Автомобилите за да поминат на рампите Скопје-Петровец, Скопје-Миладиновци, Скопје-Тетово во двата правци треба да платат такса од 40 денари, додека најевтина е наплатната рампа Тетово-Гостивар и обратно која чини 30 денари.
Минатата година во државната каса од наплата на патарина се инкасирани 40,5 милиони евра што е за 5 отсто повеќе од лани.