„Не ми се верува“: Огнен Здравковски не можеше да ја сокрие возбудата од она што му се случи во „Ѕвездите на Гранд“

ИЗВОРСкопје24
|

Едно од најгледаните регионални музички шоуа, „Ѕвездите на Гранд“, полека но сигурно доаѓа до самиот крај и на оваа сезона.

По многуте кандидати кои си ја пробаа среќата и годинава пред жирито на Саша Поповиќ, кругот се стесна меѓу најдобрите, па токму сега следува најжестоката борба.

Во „Ѕвездите на Гранд“ оваа сезона имаше доста пријавени Македонци, но според она што се случува досега, изгледа дека скопјанецот Огнен Здравковски е од оние на чиј талент жирито е најнаклонето.

Имено, во најновата епизода која треба да ја гледаме претстојната сабота, Огнен повторно ќе ги израдува своите обожаватели и поддржувачи со тоа што се пласираше директно во полуфинале. За овој успех, не можеше да додржи, а да не се пофали на социјалните мрежи, а меѓудругото и да и се заблагодари на својата менторка Марија Шерифовиќ:

Директно во полуфинале! Не ми се верува дека дојдов пред крајот… Луѓе мои фала ви на сите за поддршката што ми ја давате и уште еднаш ќе кажам и ќе се заблагодарам на мојата менторка, да не беше она немаше да дојдам до овде… Фала Марија, те сакам! – пишува Огнен.

Со кои песни го заслужи овој пласман и со кој конкурент ќе биде во дуел, останува да почекаме до тоа возбудливо издание на „Ѕвездите на Гранд“.