|
Независниот кандидат Нит Шутеран Вал на неодамна одржаните избори во Индија, каде гласаа над 900 милиони гласачи, освоил само 5 гласа.
Нит се кандидирал како независен во дрвавата Џаландар и добил само пет гласа, а најмногу го погодил фактот што во неговото семејство има деветмина гласачи.
Тој се расплака во интервјуто по изборите. На прашањето на новинарот дека ниту членовите на неговото семејство не гласале за него тој изјави дека се случила измама, но веднаш потоа се расплака.
Сепак имало измама, затоа што по пребројувањето на гласовите Нит добил 856 гласа што е 0,08%од вкупниот борј гласови.