Ацо Пејовиќ, кумот на пејачката Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ имаше свој настап, овој пат на еден од белградските сплавови, каде присуствуваа бројни познати личности.
Меѓу другото, таму е видена и пејачката и новопечена мама Александра, која се појави во придружба на својот сопруг Филип.
Александра иако тазе породена се одлучила за храбра комбинација.
На себе има црни хеланки споени со црна кошула која ја подврзала над стомакот, а згора на тоа ја раскопчала и ги открила бујните гради.
Пејачката во одлично расположение уживаше во настапот на својот кум. Освен сопругот Филип, друштво и правеше и Жика Јакшиќ од „Гранд“ продукција.