Aнасатсија Ражнатовиќ се врати од одморот во Миконос каде била со момчето Ѓорѓе Куљич, а веќе денеска ќе го прослави 21 роденден во еден белградски ресторан.
Ќерката на Цеца Ражнатовиќ приватниот живот и врската со Ѓорѓе, со кого е две години, го чува далеку од очите на јавноста.
Меѓутоа изгледа решила тоа да го промени и тоа баш пред големата роденденска забава, па на Инстаграм прв пат објави заедничка фотографија со нејзината посилна половина.
Инаку, Анастасија пред неколку дена го прослави својот 21 роденден.
Младата пејачка која моментално ужива на грчкиот остров Миконос преку социјалните мрежи доби еден куп честитки, а таа на своите фанови и следбеници исто така им се заблагодари преку Инстаграм.
„Ви благодарам на честитките. Многу сум благодарна што ве имам и што секојдневно ме подржувате и секогаш покажувате љубов кон мене. Не можам на сите поедничено да одговрам бидејќи ве има премногу. Ви благодарам“ напиша Анастасија.
Покрај честитките Ражнатовиќ објави фотографии во минијатурно бикини, па освен честитки доби и комплименти за нејзиниот изглед.
Цеца со емотивна порака и го честиташе роденденот на својата ќерка.
Таа објави фотографија од Анастасија кога била мала, а во описот напиша:
„Мојата крофница денес наполни 21 година“, напиша Цеца.