Дали Нострадамус уште пред 500 години ја предвидел најголемата вулканска ерупција во историјата?

ИЗВОРСкопје24
|

Францускиот астролог Нострадамус, најпознатиот светски пророк во своите дела од 1555-та година спомнал за “вулкански оган“ и земјотрес во “Новиот град“ кои ќе се почувствуваат ширум светот.

Теоретичарите на завера тоа ова го толкуваат како предупредување за идната разорна ерупција и земјотресот во Северна Америка, тврдат од британскиот таблоид „Дејли експрес“.

Делото покажува на француските средновековни астролошки стихови, пренесувајќи ја приказната за “земјотресот кој посебно ќе се однесува на западниот дел од Новиот град“ со таква сила “која ќе се почувствува ширум светот“ и “вуклански оган од средина на земјата која ќе го потресе Новиот град.“

“Новиот град“ претставува континент кој Колумбо го открил малку порано од пишувањето на мрачното пророштво на Нострадамус.

Британскиот таблоид објаснува дека глобалните тензии и природни катастрофи може да претставуваат знаци за катастрофите кои Нострадамус ги предвидел пред 500 години.

Исто така во нивната студија се укажува и на претскажувањата за крајните денови во Библијата каде што се споменува “огромна планина, која во пламен е фрлена во море“ и “третина од морето е претворено во к*в“.

Според толкувањето кое се наведува во студијата сето тоа може да се однесува на „Јелоустоун“. Доколку вулканот во познатиот национален парк проработи, емисиите на сумпор диоксид би можеле да убијат околу 87.000 луѓе и поголемиот дел од САД да го направат непоправлив. Тоа би можеле да доведе и до драстични климатски промени ширум светот.

Меѓутоа, студијата додава и дека според Геолошкиот завод на САД можноста за такви ерупции е минимална. Во таа инсталација тврдат дека поголема е шансата астероид да ја погоди Земјата и да ја уништи цивилизацијата отколку да дојде до ерупција на „Јелоустоун“.