Невреме проследено со силни и чести грмежи, силен ветер, интензивен пороен дожд и град од викендов па натаму ќе го зафати поголемиот дел од Балканскиот Полуостров и истото ќе услови локално и значително киличество на воден талог како и услови за локални поплавувања.
Значителна нестабилна и влажна воздушна маса ќе ја зафати и државава и ќе условува честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град. Локално ќе наврне значително количество на воден талог со што има услови да дојде и до локални поплавувања.
И понатаму ќе бидеме под топла воздушнма маса па така токму поради ова атмосферата ќе биде загреана а температурите на воздухот ќе бидат идентични како овие што ги имаме во моментот.
Хрватска: Мај најстуден во изминатите 30 и најдожлив во 60 години
Мај оваа година е најстуден мај во изминатите 30 години и со најмногу дождливи денови во последните 60 години во Хрватска.
Тоа го тврди метеорологот Дуња Мазочо Дрвар.
Воедно, тоа е трет најстуден мај во изминатите 70 години, изјави таа за Ер-Те-Ел.
– Имавме овој мај само 60-на отсто во просек сончеви денови, па не чуди фактот што кожата уште не успеала да се навикне на овогодишното сонце, додаде Мазочо Дрвар.