Повеќе од 700 луѓе секоја година се качуваат на Монт Еверест, а рекордот во бројот на оние кои сакаат да го освојат бил соборен оваа година.
Дури 381 лице добило дозвола за искачување на Монт Еверерст. Повеќето експедиции изнајмуваат комерцијални водичи и за тоа плаќаат меѓу 60.000 и 65.000 долари, наведува Британскиот планинарски совет.
Тоа вклучува водич и шерпас, кој обично ги носи работите на алпинистите, за полесно да се искачат на врвот. Таквите авантура достигнуваат цена и до 100.000 долари.
Подалеку од тоа отишла компанијата “Seven Summit Tracks”, која во понудата има пакет VVIP Mont Everest, по цена од 130.000 долари по лице.
Тој вклучува вечера за добредојде, престој во хотелот Катманду со пет ѕвездички, приватен пекар и бар во базниот камп, лична топла кујна, туш и шатор во базниот камп, сите три оброци и неограничена количина на чај и кафе, користење на приватен хеликоптер и личен фотограф, кој ќе го документира секој дел од освојувањето на највисоката планина на светот.
Пакетот не вклучува меѓународни летови за и од Непал, потреба опрема или совети за планинарите. Иако е поевтино да се изнајми локална експедиција во Непал, и тоа чини околу 35.000 долари. А тука е и опремата која е задолжителна и скапа.
И за тоа има интерес, што се гледа по бројноста на алпинистичките експедиции. Дури ни сериозната опасн**т и непредвидливост на Кровот на светот не ги спречува авантуристите да се обидат да го освојат.
Само минатата недела 11 планинари на***адале на Монт Еверест. Некои од нив поради пренатрупаност на планината.