Поранешната сопруга на Џеф Безос добила 37 милијарди долари по разводот: Сега открила што ќе прави со парите

ИЗВОРСкопје24
|

Мекензи Безос, поранешната сопруга на основачот на “Amazon”, Џеф Безос, ќе донира половина од своето богатство од 37 милијарди долари во добротворни цели, пишува “Daily Mail”.

Овие пари ги добила по разводот со Џеф, а веста за донацијата ја воодушевила светската јавност.

Минатата недела потпишала договор за донирање на половина од своето богатсво. Овој процес го спроведува организација која работи со најбогатите луѓе на светот, а преку која тие донираат половина или поголем дел од своите пари.

Слично направиле и Бил и Мелиса Гејтс, но најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, не постапил на истиот начин.

Во ветувањето кое го дала минатата недела, Мекензи рекла дека има голема количина на пари, која би ја поделила.

“Секој од нас доаѓа со подароци кои сака да ги подели, а кои ги добил од низа влијанија кои никогаш не можеме во целост да ги разбереме. Според тоа каков беше животот кон мене, имам непропорцијална количина на пари кои сакам да ги споделам. Мојот пристап кон филантропијата и натаму ќе биде дарежлив. Ќе биде потребно време, труд и грижа. Но нема да чекам. Ќе продолжам додека сефот не се испразни”, напишала таа.

Мекензи во бракоразводниот процес добила 25 проценти од уделот во Амазон. Тоа е помалку од 50-те проценти на кои имала право, а на својот сопруг му го дала правото на глас во компанијата.

Таа не зборувала јавно за нивниот развод, освен изјавата дека и олеснило што се било решено. Исто така, не ги коментирала ни околностите на нивниот развод.

Парот се развел кога врската на Безос со Лорен Санчез, омажена ТВ водителка, дошла до јавноста.

Тие не потврдиле како почнала нивната романса, а во јавноста многу се шпекулирало за овој случај.