Американската вселенска агенција НАСА ги користи длабочините на Атлантскиот океан за да ги подготви астронаутите кои ќе бидат дел од новата програма за истражување на Месечината.
Во текот на ова лето астронаутите на НАСА ќе се приклучат на меѓународниот тим на нуркачи во посебна подводна лабораторија во Атлантскиот океан, на десетина километри од градот Ки Ларко во американската сојузна држава Флорида. Астронаутите ќе се подготвуваат за живот во негостопримливи услови кои ги очекуваат во текот на истражувањето на Месечината и Марс.
Астронаутите и акванаутите на длабочина од 19 метри под површината на океанот ќе вршат низа на експерименти за собирање на податоци за спиењето, а ќе користат и приширена реалност во навигациски цели.
Базата “Aquarius Reef” е единствениот постојан оперативен подводен погон од тој вид во светот со кој управува Интернационалниот Универзитет на Флорида. Може да прими до шест истражувачи, а освен НАСА, услугите на оваа лабораторија ги користи и американската воена морнарица.
Соединетите Американски Држави имаат намера да се вратат на површината на Месечината до 2024-та година, но моментално тој проект има проблеми со обезбедувањето на финансиските средства.