Во следниот период голема нестабилност ќе ја зафати нашата држава, поточно од денеска па некаде до седми јуни локално низ државава се очекува да наврнат дури од 50 до 100 л/м2 воден талог. Времето ќе биде многу нестабилно со честа појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер додека поради загреаната атмосфера локално процесите ќе бидат доста ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и појава на град.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поради силните електрични празнења граѓаните ги советуваме да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја додека овчарите своите овци да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат. Исто така поради доста интензивните врнежи има услови и за локални поплавувања.
Силно невреме ќе го зафати целиот регион и ќе услови многу дожд и град како и силен ветер а има опасност и од локални поплавувања.
Инаку регионот веќе е зафатен од силно невреме со силни врнежи од дожд и град како и силен ветер, веќе овие врнежи почнуваат да создаваат проблеми.
Подготви: Славчо Попоски за 1ТВ