Не само што објавува нови прислушувани разговори, туку сопственикот на Фејсбук профилот Ел Чека се закананува со објавување на нови 6000 снимки од таканаречените “бомби“.
-Сега Али Ахмети, Муса Џафери, Беќир Хасани и многу други ќе ја разберат мојата посветеност на ова прашање. Ќе ги публикувам датотеките и снимките што ги имам, во консултација со мојот адвокат за сите, а потоа ќе ги испратам до ЦИА и Американската амбасада во Скопје.
Или ќе бидат затворени за криминалци или Заеви ќе падне!, пишува Ел Чека на албански јазик.
Квалитетот на овие снимки е различен и е полош од тие што до сега ги објавуваа Зоран Заев, а потоа и од профилот на Илија Громовник. Се забележува дека се снимени од некоја база веројатно со обичен снимач, какви што ги имаме на мобилните телефони, а не се директно преземени со оригиналниот квалитет.
Ел Чека не го крие својот идентитет и веќе има дадено интервјуа за неколку албански медиуми.
„Глупоста на ДУИ-стите нема крај, ме откриле? Но, на мојот профил се сите мои персонални слики! И ова го нарекувате криминал, нели! А уб*ствата на војниците на ОНА и на Албанците не се криминал? Ќе поднесете кривична тужба? Не ве шишам! Господ да ги благослови Албанија и Америка!“ – пишува „Ел Чека“ на својот профил. Пет од „бомбите“ што ги објави се на албански јазик, а во описот на секој разговор е наведено дека зборуваат политичари од ДУИ, како Блерим Беџети, Муса Џафери, Бекир Асани.