Пејачот Здравко Чолиќ вчера го прослави својот 68 роденден, а по тој повод честитки пристигнуваа од сите страни.
Сигурно најмили честитки биле од неговите ќерки Уна и Лара, како и неговата сопруга Александра кои сите овие години успешно ги држи далеку од очите на јавноста.
Сепак, неговата ќерка Уна објави фотографија на која е со Здравко и помалата сестрата Лана, а во објавата посвети емотивна порака.
„Среќен роденден на најдобриот татко на светот. Мојот пример, моето се. Те сакам најмногу на свет“ напиша постарата ќерка на Чола.
Здравко навистина сака да го задржи својот приватен живот за себе, до толку што речиси никој не знае ни како изгледа неговата сопруга Александра. Тој неодамна во интеревју конечно раскажа како таа успеала да го улови најголемиот заводник во Југославија:
– Секој маж сака некој да се грижи за него. Мислам дека тоа беше пресудно. Се запознавме во Макарска. Александра студираше во Белград, па продолживме да се гледаме, а подоцна почнавме и врска. Ме освои со својата едноставност и приврзаност. Ми се посвети, мисли на мене, се грижи со мене- раскажа пејачот за својата сопруга со која е во брак од 2001 година.
Чола е и посветен татко на две тинејџерки.
– Родителството е сериозна улога, ќерките се добро, сѐ уште на училиште, и во период сме на училишни обврски, со кои сопругата повеќе се занимава отколку јас. Тинејџерки се, но ограничувањата мора да се знаат. Јас сум малку попопустлив, но жената е секогаш столб на куќата, така било некогаш, така ќе биде и сега. Не сум строг родител и тоа ми е единствен проблем. Денеска средината повеќе влијае на децата и младината отколку на домот. Ако сега поставите исправна граница, еден ден децата ќе ви бидат благодарни- раскажа тој.
Здравко Чолиќ на 15-ти јуни во Скопје ќе пее во Национална арена „Тоше Проески“.