Адреналинскиот When in Krusevo (http://www.wheninkrusevo.mk) настан продолжува и оваа година! Третото летно издание на outdoor дружбата ќе се одржи од 21. – 23. јуни 2019, на веќе добро познатата локација на Крушевското езеро. И ова лето рекреативците и вљубениците во Крушево, крушевската природа и планинскиот воздух, ќе имаат можност да уживаат прекрасен викенд во Крушево, исполнет со низа спортски и рекреативни активности, како и неизбежната луда забава. Покрај редовните спортски активности: рекреативна (10 км) и долга (20 км) планинарска тура, планински велосипедизам низ прекрасната крушевска природа (мала 20 км и голема 40 км тура), тандем параглајдинг, кајак и SUP на Крушевското езеро оваа година гостите ќе имаат шанса за прв пат да пробаат и јавање на коњи. Во рамките на забавниот дел предвидени се рок и DJ журки каде ќе настапат нашите добро познати и редовни гости The Hounds, крушевските рокери Invictus, лудото jungle & reggae дуо Natty Fiyah SS, реномираниот DJ Todoroff и секогаш максимално расположениот и позитивен локален DJ Бапчу!
Кампот ќе биде поставен непосредно до Крушевското езеро, каде ќе уживате во свежите вечерни часови и прекрасните сончеви утра. Цената на фестивалскиот пакет е 500 денари во кој се вклучени уникатна маичка од фестивалот со нова оригинална илустрација на добро познатиот македонски артист ТхеМичо, место за кампување, организирани планинарски тури со обезбедени водичи, организирани велосипедски тури, влезници во крушевските музеи и други подароци од останатите спонзори. За секој учесник обезбеден е и попуст од 50% за тандем параглајдинг (1500ден.). Во тек е и акција за групи, плати 4 земи пет карти!
Картите се во продажба преку продажната мрежа на MK Tickets (http://www.mktickets.mk) и платформата за outdoor активности When in X (http://www.wheninx.com). Крушево и другарите од Outdoor Manifest ве очекуваат!
Видеото можете да го погледнете ТУКА.