Украдени камери за следење на рисот во НП Маврово

ИЗВОРСкопје24
|

Непознати сторители украле две видео камери со кои се следи движењето на животните и рисот во националниот парк „Маврово”. Според СВР Тетово кражбата вчера ја пријавил член на ренџерската служба.


Според пријавата во периодот од 29 март до 28 мај годинава засега непознати сторители одзеле две видео камери, кои биле поставени во атарот на село Требиште, во месноста „Солиште“.

Одземените камери, сопственост на НП „Маврово“, се користеле во рамките на проектот „Заштита на балканскиот рис“.