Синот на Јанчев повреден во сообраќајна незгода

ИЗВОРСкопје24
|

Синот на Митко Јанчев, градоначалникот на Кавадарци и поранешен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, е повреден во сообраќајна несреќа, дознава „Независен весник“.

Четиринаесетгодишникот доживеал сериозен инцидент синоќа во Кавадарци со својот мотоцикл, а по судирот итно бил префрлен во болница.

Освен политички, Јанчев е познат и како сопственик на неколку претпријатија, меѓу кои најуспешна е „Кожувчанка“.

Муѓу актуелните вести кои оддекнаа во македонските медиуми беше и сообраќајката која ја направи заменикот-министер за култура, актерот Владимир Лазовски кој го управувал автомобилот.

Моторциклистот е полесно повреден. Неофицијално, по прегледите во болница тој се вратил на местото, каде што полицијата направила увид.

Според МВР, во сообраќајката учествувале мотор и возило пежо кое го управувал Лазовски.

Лазовски ја потврди ваквата информација преку својот фејсбук профил.

“Најважно од сé е што мотоциклистот и јас сме добри. Цело време бев со него, пуштен е од болница, добро се чувствува. Јас немам повреди. Надлежните органи извршија увид и доколку се утврди моја вина ќе сносам одговорност”, напиша тој на фејсбук.