Силни земјотреси ја исплашија Албанија

|

Серија од неколку навистина силни земјотреси го исплашија населението на југот на Албанија. Земјата почна да се тресе утрово во 6 и 35 по локално време. Првиот земјотрес бил со јачина од 4.9 по Рихтер. За десетина минути следел втор по јак земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер. Неколку помали потреси исто така сеуште тресат а последниот е 4.4 степени по Рихтеровата скала. Сеуште нема информации за евентуални штети и повредени во овој дел на Албанија. Земјотресот бил почувствуван и во пограничните села околу Преспа на Македонска територија.

Во последниот период земјотресите зачестија на Балканот и особено беа присутни во Грција и западниот дел на Турција кој лежи на нашиот полуостров. Да се надеваме дека нема да има други силни потреси.

Локација на земјотресот